Во петок во „Некст Кафе“ во Пирава ќе се одржи хуманитарна забава за помош на малата Анастасија

Под мотото „Да помогнеме на малата Анастасија“ во петок, во кафе-бар „Некст“ во Пирава, ќе се одржи хуманитарна забава за помош на малата Анастасија Ризова.

Влезницата за настанот ќе чини 50 денари, а сите средства собрани од влезници и целиот профит од забавата ќе бидат донирани во фондот за лекувањето на Анастасија во Република Турција.

Анастасија Ризова, мало девојче од Валандово, село Пирава, се бори со тешката форма на тумор, за третманот во Турција е неопходна сума од 100.000 евра, пари што не можат да ги обезбедат нејзините родители.

Да бидеме хумани, да бидеме луѓе, затоа што на нашата мала Анастасија и нејзините родители ова значи Живот!

Телефон за донирање (100 денари):

143-104 / Т-мобајл

143-666 / А1

Од Македонија и странство можете да донирате на отворената донаторска сметка:

IBAN MK07200003533584183 (za stranstvo)
Жиро сметка за Македонија: 200003533584183
SWIFT STOBMK2XXXX
STOPANSKA BANKA A.D.
11 OKTOMVRI 7
1000 Skopje

Линк за донации преку GoFundMe: https://www.gofundme.com/f/apel-za-pomoc-apel-for-help-anastasija-rizova


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари