Во подрачната единица при МЗШВ во Валандово во тек е доделување на картички за користење на мерката „Зелена Нафта“ на земјоделците од општина Валандово.
Со мерката „Зелена нафта“ од Владата целат дека значајно ќе се намалат производствените трошоци и се враќаат 200 милиони денари назад кај земјоделците.
Со ова мерка се опфаќаат над 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои околу 1.200 се од општина Валандово.
Досега, во нашата општина се подигнати околу 500 картички во вкупен износ од околу 1.500.000 денари.