Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Почна третата фаза од „Страиште“: 25 милиони евра за наводнување во Валандовско

Извор на фотографијата: Влада на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Влада на Република Северна Македонија

Во Пирава, општина Валандово, почна реализацијата на третата фаза од системот за наводнување „Страиште“, инвестиција вредна 25 милиони евра. Предвидено е системот да опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и да ги задоволи потребите на околу 6.000 земјоделци.

Проектот предвидува изградба на 70 километри цевководна мрежа под притисок, поставување околу 500 хидранти и изградба на нова пумпна станица.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски рече дека системот ќе овозможи наводнување капка по капка, попрецизно дозирање и поекономично користење на водата. Според него, тоа ќе им даде на производителите поголема контрола врз одгледувањето и услови за постабилни приноси и поквалитетен род, особено во сушните периоди.

Во проектот се предвидени и советодавна поддршка и практични обуки. Земјоделците ќе добијат стручни препораки за ефикасно користење на системот и приспособување на наводнувањето според почвата, временските прилики и потребите на културата.

„Страиште“ се надоврзува на првите две фази од проектот „Вардарска долина“ и го продолжува партнерството со германската развојна банка „KfW“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.