Пуштено во употреба новото училиште во Казандол

Градоначалникот, Костадинов, програмскиот координатор на „Тика”, Ајтекин Ајден, министерот без ресор Елвин Хасан и директорот на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово, деенес во Казандол, ја пуштија во употреба новата училишна зграда на подрачното основно училиште „Цветан Димов”, која беше изградена заеднички, од страна на турската агенција за поддршка и соработка „Тика” и Општина Валандово.

Со изградбата на новиот училишен објект, обезбедени се услови за вршење на образовниот процес на дечињата од Казандол.

Влогот во образованието е влог во иднината и развојот на нашата општина. Затоа, инвестирањето во најмалите од заедницата и нивното образование, секогаш ќе биде на приматот во општина Валандово, додаваат од Општината.

Фото: Yeni Balkan Gazetesi

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.