Пуштен во употреба реновираниот централен објект на детската градинка „Калинка“

Дечињата кои се запишани во градинка во централниот објект на „Калинка“ во Валандово се вратија во своите занимални, по неколкумесечната реконструкција на истиот.

За време на реновирањето, децата кои веќе беа запишани беа распоредени во некоја од градинките во другите населени места во општината, а запишувањето на нови беше стопирано се до крајот на реконструкцијата.

Детската градинка „Калинка“ во Валандово, со реконструкцијата е трансформирана во енергетско ефикасен објект.

Во овие неколку месеци беше извршена промена на кровната конструкција, изведба на термо фасада, енергетско ефикасна столарија, поставување на фото волтаици за производство на електро и топлотна енергија, замена на системот за парно греење, реконструкција на санитарните јазли, како и поставување на нови подни површини.

Како што информираат од Општината, целосната реконструкција сѐ уште не е целосно завршена, но создадени се услови за згрижување на децата. До крајот на проектот остануваат да да се довршат уште неколку работи на надворешниот дел од објектот.

Овој проект е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција, каде општина Валандово е носител на проектот, заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ.

Во текот на утрешниот ден градинката во Валандово ќе биде посетена и од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.