Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Мартин Динев со сребрен медал најуспешен од македонските учесници на Балканската олимпијада по информатика

На последниот интернационален натпревар за оваа година, 27-мата по ред Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019), која од 9-ти до 14-ти септември се одржа во Атина, Грција, нашите ученици постигнаа нов голем успех, освојувајќи 1 сребрен и 2 бронзени медали. 

Сребрениот медал за Македонија го освои Мартин Динев од с. Пирава, Валандово, додека двата бронзени медали ги освоија Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп.

Четврти член на македонскиот тим беше Владимир Шарковски од Скопје, а со тимот раководеа м-р Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.