Премиерот Заев, на вчерашната конференција за печат, изјави дека до крајот на мандатот на оваа Влада, ќе обезбедат буџетска поддршка за општините за промена на сите водоводни азбесни цементни цевски и сите азбесни цементни покривни површини на јавните инситуции во надлежност на локалната самоуправа.
За поефикасно и навремено реализирање на сите комунални зафати на локалните самоуправи, за кои ќе биде потребна и Владина поддршка, ќе се формира и Фонд за поддршка на проекти од Општините, кои ќе се финансираат од ИПА и други програми на ЕУ.
Премиерот дополни и дека потребата од здрава вода и современи водоводни системи, канализациони мрежи и прочистителни станици, се услови предвидени за усогласување на животните стандарди на граѓаните со оние на ЕУ, кои остануваат приоритет на Владата, со засилувањето на динамиката на процесите за полноправно членство во Унијата.