Давањето концесии за експлоатација на руди не е од локално значење за да може општината сама да распишува референдум, денес пресече Уставниот суд. Со тоа судот за неуставни ги прогласи Одлуките донесени од Советот на Општина Валандово на 3-ти и 10-ти јули 2017-та година.
Подносител на иницијативата за докажување на уставноста на Одлуките е поранешниот градоначалник на Општина Валандово, Николче Чурлиновски.
По подолго негодување на релација Локална самоуправа – „Спас за Валандово“, референдумот во Валандово се одржа на 20-ти август, минатата година. Референдумот беше неуспешен поради недоволниот број на излезност.
Сепак, Рударскиот комплекс „Казандол“, беше затворен со Одлука на Владата на Р.М., поради неисполнување на условите од договорот за концесија.