Општина Валандово на страната за јавни набавки објави јавна набавка за сообраќајно поврзување на Индустриска зона Раброво со Регионален пат Р-1105.
Проектот предвидува изградба на соодветна патна инфраструктура и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Изведбата е финансирана од страна на Бирото за регионален развој и општина Валандово и изнесува 461.677 денари. Со негова реализација ќе се олесни пристапот до Индустриската зона и ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.