Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ДЗС со препораки за заштита од топлотниот бран во земјава

  • -да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;
  • -да не се пали оган на отворен простор и шума;
  • -да не се пали отпад и друг горлив материјал;

Дирекцијата за заштита и спасување согласно најавите на УХМР, соопштува дека од денес, понеделник 1 јули, ќе настапи топлотен бран во нашата земја, со температури до 40 степени. Порастот на температурите продолжува и во вторник, а максимумот топлото време ќе го достигне во среда и четврток, кога на повисоките места температурата ќе достигне над 30, а на пониските места и до 40 степени.

ДЗС покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Воедно, ДЗС апелира до сите граѓани на земјава и до Локалната самоуправа, да внимаваат кога се на отворено и:

-да не се фрлаат цигари и догорчиња;

-да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;

-да не се пали оган на отворен простор и шума;

-да не се пали отпад и друг горлив материјал;

-да не се палат стрништа и меѓи.

-граѓаните редовно да вршат косење на тревата, на ниската вегетација што е во нивна сопственост;

-ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.