Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, денес, во Општина Серес се сретна со својот колега Петрос Агелидис.
На средбата беше потпишан Договорот за партнерство за имплементација на прекуграничниот проект „3Em”.
Предмет на проектот е реконструкцијата на објектот на Детската градинка „Калинка“ во Валандово.