Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Започнува вакцинацијата со трета – бустер доза

Националниот Комитет за имунизација донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примат по изминати три месеци од ревакцинација.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат по поминати шест месеци од ревакцинација.

Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација, велат од МЗ апелирајќи граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што се наведува во соопштението само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARS-Cov-2.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.