Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

На денешен ден, 1960-та година во Валандово, роден е Ѓорѓе Иванов, Претседател на Р. Македонија

  • Актуелниот Претседател Иванов е роден во Валандово на 2-ри мај 1960-та година.
  • Дипломирал на Правниот факултет во 1982 година.
  • За Претседател на Р. Македонија е избран на претседателските избори во 2009-та, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелниот Претседател Иванов е роден во Валандово на 2-ри мај 1960-та година. Тој во моментов ги служи своите последни денови од вториот претседателски мандат.

Иванов време на студиите започнал со политички активизам во либералните, реформски младински организации – отворајќи прогресивни теми во списанијата Млад борец, Студентски збор и Младински форум. Дипломирал на Правниот факултет во 1982 година. На 27-годишна возраст трајно се преселил во главниот град.

За Претседател на Р. Македонија е избран на претседателските избори во 2009-та, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12-ти мај 2009-та, а за втор мандат бил избран во 2014-та година.

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.