Мартин Динев од Пирава со сребрен медал на Балканската олимпијада по информатика

На Балканската олимпијада по информатика, македонските ученици се закитија со еден сребрен и четири бронзени медали.

На натпреварувањето кое годинава се одржа во Темишвар, Романија, Мартин Динев од Пирава постигна најдобар резултат од македонските учесници и се закити со сребрениот медал.

Два бронзени медала освоија Владимир Максимовски од Штип и Андреј Величковски од Куманово. Четврти член на македонскиот тим беше Јосиф Тепеѓозов од Скопје.

Бронзени медали на Јуниорската балканска олимпијада по информатика освоија Благојче Павлески од Прилеп и Тео Китановски од Скопје, а членови на тимот беа уште и Кристина Тасева и Марко Таневски.

Претседателот за Здружението на информатичари, др Миле Јованов, кој воедно е претседател на Балканската олимпијада по информатика вели дека за држава како Македонија да учествува на овие престижни натпревари и од осум натпреварувачи да се врати со пет медали, во конкуренција во која скоро сите останати учеснички се значајно поголеми држави е неоспорно голем успех.

На БОИ 2018 учествуваа вкупно 39 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Кипар.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.