Потпишан договорот за реализација на проектот „Поставување на урбана опрема на Кочулски водопад“

Градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова, потпишаа договор за реализација на проектот „Поставување на урбана опрема на Кочулски водопад“. За да се реализира овој проект потребни се средства во висина од 3.550.701 денари, при што, општина Валандово ќе учествува со сопствени средства во вредност од 862.661 денари, а останатата сума од 2.688.040 денари ќе ги обезбеди Бирото за регионален развој, во согласност со одлуката на Владата од 29.05.2018-та.

Инаку, целта на овој проект е да овозможи целосно уредување на овој локалитет, како и да придонесе во инвестирање на нова општинска локација со потенцијал за туристички развој.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.