Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Менаџирање на однесување на своето дете“ – обука за родителите на корисниците на Дневниот центар

Во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово се одржа обука на тема „Менаџирање на однесување на своето дете“ наменета за родителите на корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби – Валандово.

На обуката родителите добија помош и поддршка за работа со децата во домашни услови, им беше објаснето како да го разбираат однесувањето на своето дете и како да постапуваат во одредени ситуации. Обуката ја одржа волонтер од Мировен корпус, а е поддржана од дефектологот Весна Илова-Ташева.

Таа вели дека родителите се задоволни од обуката, со барање да се одржуваат повеќе обуки од ваков тип.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.