Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Сите досегашни смртни случаи од четвртиот корона-бран во Валандово се невакцинирани пациенти

  • Од нив нема ниту еден смртен случај на заболен од Ковид-19, а кој бил вакциниран со две дози.
  • Само еден пациент кој е целосно вакциниран е хоспитализиран и се наоѓа во болничка установа.
  • Останатите кои се позитивни и целосно вакцинирани болеста ја имаат поминато лесно налик на настинка.

Од почетокот на четвртиот епидемиолошки бран во општина Валандово, направени се вкупно 144 тестирања со брзи антигенски тестови, позитивни на Ковид-19 биле вкупно 60 пациенти.

Од нив нема ниту еден смртен случај на заболен од Ковид-19, а кој бил вакциниран со две дози.

Само 10 пациенти се целосно вакцинирани, односно имаат примено две дози од вакцината и поминати 14 дена од примањето на втората доза, a се позитивни на вирусот.

Само еден пациент кој е целосно вакциниран е хоспитализиран и се наоѓа во болничка установа.

Останатите кои се позитивни и целосно вакцинирани болеста ја имаат поминато лесно налик на настинка.

Сите пријавени смртни случаеви досега на пациенти заболени од Ковид-19 во општина Валандово немале примено ниту една доза вакцина.

Овие статистички податоци за општина Валандово се вклопуваат и со државната статистика која ја води Министерството за Здравство.

Анализата и бројките покажуваат дека вакцините се ефикасни и ефективни во борбата против вирусот, и дека само со што поголем број вакцинирани граѓани ќе ја победиме пандемијата, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Валандово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.