Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов и градоначалникот на општина Несебар – Николај Димитров, денеска официјално го потпишаа меморандумот за соработка помеѓу овие две општини.
Како што истакна Костадинов – целта на овој меморандум е да се продлабочи соработката помеѓу овие две општини и создавање на пријателство. Ова збратимување ќе оствари многу можности пред сѐ на културен план, но и можности за секаков вид соработка.