Општина Валандово на основ на претходно склучениот договор за донација со „ПАКОМАК“ ДОО – Скопје, доби донација која се состои од садови за собирање на стаклен отпад, пластични игло контејнери.
„Целта на договорот за донација е преку создавање на интегрален и систематски пристап кон собирањето, селектирањето, транспортот и рецикирањето на отпадот да се придонесе кон создавање здрава и чиста животна средина, како и да се создаде навика за селектирање на отпад и да се промовира еколошка култура и свест за значењето на селектирањето на отпадот и импактот кој го има врз животната средина“, се вели во соопштението од Општината.