Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Валандово минатата година на јавни набавки потрошила 103.6% повеќе во однос на 2017-та

Според податоците објавени на системот на Бирото за јавни набавки, во 2018-та година Општина Валандово склучила 35 договори за јавни набавки.

Договори се потпишани со 28 компании од територијата на цела држава, а нивната вредност изнесува 35.013.645 денари.

Најголем дел од општинските пари наменети за јавни набавки добила компанијата „Жикол ДООЕЛ експорт импорт“ од Струмица и тоа во висина од 9.132.657 денари во две јавни набавки, што претставува 26.1% од вкупната сума.

Компании кои повеќе од еднаш се јавуваат како носители на јавни набавки се „ГАБРО Томе Тренчев ДООЕЛ увоз-извоз“ Струмица со четири, и „АБА ПЕЛИВАНОВ ДООЕЛ“ с.Фурка, Дојран, „ПЕШО Инженеринг“ од Струмица и „Жикол ДООЕЛ експорт импорт“ исто од Струмица со по два добиени тендера.

За разлика од 2017-та година, кога Општината за јавни набавки потроши 17.2 милиони денари, минатата година сумата е зголемена за 103.6%.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.