Пирава ќе добие нов парк – Општината распиша јавна набавка за негово уредување

Општина Валандово започна постапка за прибирање на понуди за изградба на парк во централниот дел на Пирава.

Паркот ќе добие 7 канделабри, 4 клупи, 14 ЛЕД рефлектори со јачина од 30 вати, а на локацијата ќе бидат засадени и 8 јавори.

За оваа намена Општината издвои 116.650,00 денари, а договор ќе биде потпишан со компанијата која ќе понуди најниска цена.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.