На 14.10.2018 година во 12.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на село Севендекли, дојранско, на местото викано „Ѓољџик“, било пронајдено починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лицето Г.Д.(73) од с.Собри. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.