Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог урбанистички план за населено место Брајковци

Општина Валандово објави соопштение за Јавна презентација и Јавна расправа по Предлог урбанистички план за населеното место Брајковци. Тие ќе бидат спроведени во просториите на основното училиште во с.Брајковци и на огласна табла во просториите на општина Валандово.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од 19.10.2018-та (петок) до 01.11.2018-та (четврток), секој работен ден од 7 до 15 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 19.10.2018-та година (петок) во 14 часот, во просториите на основното училиште во с.Брајковци. Граници на опфатот се границите на изградениот фонд на с.Брајковци. Опфатот е со површина оид 43,99 ха.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.