Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Не очекуваат студени денови со можност за врнежи од снег. Неколкудневна прогноза за општина Валандово.

epaselect epa06361977 People walk under the snow in Burgos, northern Spain, 01 December 2017. An Artic mass of air caused heavy snowfalls in northern Spain and low temperatures in the country's center. EPA-EFE/SANTI OTERO
  • Ќе дува и ветар од променлив правец.
  • Во четврток времето ќе биде облачно и студено.
  • Во петок времето ќе биде облачно и ветровито но не се исклучува можноста за слаби врнежи од снег.

Утре (среда) времето ќе биде променливо онлачно со сончеви периоди, a поради продор на студена маса и студен воздушен продор од Сибир, температурите драстично ќе опаднат со што масималните дневни температури ќе се движат до +7° степени. Ќе дува и ветар од променлив правец. Во вечерните и ноќните часови температурите ќе опаднат и тие би се движеле 0° до -1°степени. Поради намалувањето на температурите ќе имаме врнежи од снег.

Во четврток времето ќе биде облачно и студено. Ќе имаме повремени врнежи од снег, со минимална температура од -2°степени, а максималната од 0°до +1°степени.

Во петок времето ќе биде облачно и ветровито но не се исклучува можноста за слаби врнежи од снег. Минималната температура ќе биде -2° степени, додека дневната 0°степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и студено. Во сабота минималната температура ќе биде -5° степени, дневната температура +1° степен. Во недела, минималната температура ќе биде -6° степени, максималната температура +4° степени.

Прогнозата е креирана според анализите за Валандово кои ги изработи Костадин Павлов од mkmeteo.mk.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.