Денес во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, се одржа литературен конкурс по повод „Месецот на книгата“.
Учесниците имаа можност да творат во два термина: од 11 до 13 и од 13 до 15 часот. Учествуваа ученици од основните училишта од општина Валандово, средношколци од валандовската гимназија и возрасни жители од оваа општина.
Темата за конкурсот на учесниците им беше соопштена пред да почнат со пишување. Секој учесник имаше право да учествува со една литературна творба.
Утре пак, ќе се одржи ликовниот конкурс по повод „Месецот на книгата“. Истите правила важат како и за литературниот конкурс.