Утревечер, 03-ти ноември (сабота) ќе се одигра натпревар помеѓу екипите на КМФ СК „Проект-Цико“ и КМФ „Железарец“, во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје, од 20 часот.
Натпреварот е дел од 8-мото коло од Првата футсал лига. Според досегашните резултати, КМФ СК „Проект-Цико“ се наоѓа на четвртото место на табелата со освоени 12 бода.
Од „Проект-Цико“ известуваат дека натпреварот може да се следи во живо на нивната фејсбук страница.