Почна откупот на тутунот во Македонија на 195 откупни пунктови

Официјално беше означен стартот на откупната кампања на тутунот од годинашнава реколта, на откупниот Пункт на Прилепскиот комбинат. Тутунарите очекуваат да поминат добро со процената и да добијат подобра цена од минатогодишната.

Како што изјави министерот за земјоделство – Љупчо Николовски, се очекува стабилен откуп на тутунот, има 195 откупни пунктови и се очекува родот да не биде помал од 23.500 тони. Тој истакна дека засеани се 14.802 хектари тутун а склучени се 34.104 договори, со 9 откупни претпријатија, што е за 4.700 договори повеќе од лани и на околу 400 хектари повеќе.

Според него, ова е стабилен пораст на тутунопроизводството во земјава, особено поради ланската, досега највисока просечна откупна цена од 217,6 денари за килограм и по воспоставувањето на новиот модел на исплата на субвенциите на три нивоа.

Тутунот инаку обезбедува 100 милиони евра девизен прилив во државата годишно и е егзистенција за над 23.000 семејства во Македонија.

Како што истакна директорот на Државниот земјоделски инспекторат – Благој Индов, од 9 откупни фирми, 8 докажале дека имаат обезбедено средства за откуп. Единствено фирмата „Мнисиријан“ од Струмица нема обезбедено средства, на која ќе ѝ биде дадено рок до 15-ти декември, кога законски сите мора да почнат со откупот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.