Денеска Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одржува подготвителни седници.
На подготвителните седници ќе се разгледуваат предлог-решенијата за утврдување тарифи на водни услуги во Валандово, Богданци, Василево, Конче, Новаци и Крива Паланка.
За наведените општини се утврдува тарифа за снабдување со вода за пиење и тарифа за собирање и одведување на урбани, отпадни води, додека пак, за општина Новаци се утврдува тарифа за водоснабдување.