Почнувајки од денес (26.11.2018 г.), ЈП „Комунален сервис” – Валандово, според реализираниот договор за јавна набавка на потопна пумпа, започна со демонтажа на постоечката и монтажа на новата потопна пумпа за водоснабдување.
Поради тоа предвидени се рестрикции на водоснабдувањето во населените места Раброво, Чалакли и Дедели во временски интервал од 22:00ч. до 06:00ч. и Валандово од 00:00ч. до 06:00 ч. во наредните неколку денови.
Од Претпријатието молат за разбирање.