СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во соработка со Националната и Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ – Скопје и Американската Амбасада во РМ, ги повикуваат сите млади од општина Валандово, да се вклучат како волонтери во проект за ревитализација на локалната библиотека. Целта на проектот е трансформација на библиотеката во центар на информации, знаење и идеи.
Од волонтерите во текот на проектот се очекува да бидат креативни, да придонесат во креирањето идеи за иновативни активности во градската библиотека, активно да ги следат чекорите на програмата и да помагаат во нејзино имплементирање, учество на закажаните сесии и поднесување извештај за нивните активности.
Проектот ќе се реализира од 17.12.2018-та до 31.05.2019-та година, во неколку сесии. Целта на проектот е да се остварат позитивни промени во локалните заедници, преку дизајнирање на нови услуги, искористувајќи ги постоечките ресурси со цел нивно трансформирање во центри на знаење, информации и идеи.
Во проектот ќе учествуваат 7 општини и тоа: Валандово, Велес, Струмица, Дебар, Кавадарци, Свети Николе и Неготино, со 7 волонтери, односно по 1 од секоја општина.
Рокот за аплицирање е до 05.12.2018-та година. Подетални информации на следниот линк .