Работната единица од одделението „Комунална хигиена“ од ЈКПД „Комуналец“ – Струмица, минатата недела спроведе акција чистење. Подигнати се големи количини на градежен шут, електрични апарати, зелен отпад и друго, од дивата депонија на патот кон Општина Валандово, после населеното место Костурино.
Од Одделението истакнуваат дека на депонијата несовесните граѓани најчесто во ноќните часови непречено депонираат шут и друг вид на отпад. Реакцијата на граѓаните за еколошки загадената околина се реализираше и депонијата сега повторно е исчистена.
За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица најавуваат казнени санкции.

