Советот на Општина Валандово, на вчерашната последна седница донесе одлука за давање финансиска помош од 180.000 денари на семејствата чии домови настрадаа во пожарот кој избувна на 2-ри овој месец.
Од сумата фамилијата на Ѕвонко Тодоров ќе добие 150.000 денари, додека Сузана Јанушева 30.000 денари.
Средствата се предвидени за санација на штетите настанати при пожарот.