Група средношколци од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, заедно со професорката Ташка Гетова, ги украсија просториите на Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Валандово.
Тие, во Дневниот Центар заеднички изработија најразлични украси и ја накитија новогодишната елка.
Целта на ваквиот чин од страна на учениците е да им се разубават претстојните новогодишни и божиќни празници на децата кои престојуваат во Центарот.


