Распишан е меѓународен конкурс за овогодинешното 34-то издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест“ – Валандово 2019-та, кој ќе се одржува последната недела од месец мај 2019-та (петок и сабота), во фестивалската сала „Јанко Узунов“.
На фестивалот ќе бидат презентирани 20 нови народни песни, во една ревијална и една натпреварувачка (финална) вечер. Организатор на фестивалот е општина Валандово со Министерството за култура како главен покровител, кои на крајот на втората натпреварувачка (финална) вечер, ќе доделат осум паричи награди и тоа:
-Прва награда во износ од 1.500 евра;
-Втора награда во износ од 1.000 евра;
-Трета награда во износ од 750 евра;
-Награда „Никола Бадев“ во износ од 500 евра, за најдобра вокална изведба;
-Награда „Драги Митев“ во износ од 500 евра за најдобар аранжман;
-Награда „Миле Брзанов“ во износ од 500 евра,за најдобар дебитант;
-Награда „Мирчо Карамучев“ во износ од 500 евра, за најдобар текст и
-Награда за најдобар сценски настап, во износ од 500 евра.
На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учество. Рокот за поднесување на пријавите е до 28.02.2019-та година (петок) најдоцна до 15 часот, во архивата на општина Валандово или по пошта на адреса: Општина Валандово, ул. „Иво Лола Рибар“ бб, 2460 Валандово.
Повеќе информации на официјалната фејсбук страница на општина Валандово https://www.facebook.com/1985185738437112/photos/pcb.2270730166549333/2270724373216579/?type=3&theater