Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Нема дилема во каков правец треба да ја водиме Македонија – порача Заев од Валандово

  • Со тоа конечно ќе се реши деценискиот проблем на нашата земја – истакна Заев.
  • Тој додаде дека постојат повеќе причини поради кои треба масовно да се излезе на гласање.
  • „Од договорот со Грција подеднакво добиваат и двете земји.

Денеска во паркот „Пеонија“ во Валандово се одржа отворена трибина на тема: „Излези ЗА Европска Македонија“ на која говорник беше премиерот на Македонија – Зоран Заев. Тој на Валандовчани им порача дека должноста на секој граѓанин е да излезе и да гласа „ЗА“ за иднината на Македонија, на претстојниот референдум. Со тоа конечно ќе се реши деценискиот проблем на нашата земја – истакна Заев.

Тој додаде дека постојат повеќе причини поради кои треба масовно да се излезе на гласање. Поради градење на пријателство, од економски причини, но и поради должноста на секој македонец да ја обезбеди иднината на Македонија и дека дојде моментот кога треба да одбереме дали и натаму нашата земја ќе биде слепо црево или интегрирана во светот.

„Од договорот со Грција подеднакво добиваат и двете земји. Македонскиот идентитет воопшто не е загрозен, македонскиот јазик и култура се прифатени од Грчка страна и конечно треба да ја прифатиме подадената рака од Европа“ – рече Заев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.