Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Градоначалникот Костадинов му подари лаптоп на Мартин Динев за постигнатиот успех на натпреварот во Барселона

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, организираше прием за ученикот Мартин Динев, кој претходниот месец освои златен и сребрен медал на меѓународниот натпревар во Барселона, како и награди на многу државни и балкански натпревари во областа на информатиката, математиката и физиката во претходниот период.

За постигнатите резултати и неговата неоспорна вредност, а воедно и како поттик за понатамошна посветеност на образованието и науката, Мартин Динев, од страна на градоначалникот на општина Валандово, доби честитка за постигнатото, ветување за целосна поддршка од страна на општината во наредниот период и лаптоп, кој му е неопходен за понатамошна едукација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.