Од бараните речиси 4,7 милиони денари за овогодинешното издание на фестивалот „Фолк Фест Валандово“, Општината од Министерството за култура доби само еден милион.
За разлика од лани, годинава сумата со која Министерството ќе ја помага реализацијата на најстариот фестивал за македонска народна музика во државата е намален за 800 илјади денари.
Следи 15 дена период во кој апликантите ќе можат да ги обжалат резултатите од конкурсот.
