Одржана обука за ран детски развој и учење во детската градинка „Калинка“ – Валандово

Во детската градинка „Калинка“ – Валандово, на 14-ти февруари 2019 година се одржа обука за ран детски развој и учење, на теми: Како учат децата? Развој на говор од 0 до 6 години и стимулативна средина за учење. Обуката за професионален развој е наменета за воспитувачи, стручни соработници и стручни работници од истоимената предучилишна установа.

Темите на обуката опфаќаат исклучително актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Обуката беше од интерактивен карактер.

Евалуацијата покажа дека постои потреба на стручњаците од практиката за организирање и реализирање на обуки од ваков карактер и истата беше позитивно вреднувана.

Реализатори на обуката беа: проф. д-р Лена Дамовска (доктор по педагошки науки), проф. д-р Ана Фрицханд (доктор по психолошки науки) и проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска (доктор по педагошки науки) Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.