На доделувањето на „30 под 30“ наградите на магазинот Форбс во Лондон, македонците Аријана Коскарова и Бојан Коскаров се најдоа на листата со нивниот „Creative hub“.
Но, Коскарова го привлече вниманието и со својот изглед. Таа на доделувањето се појавила во semi-couture изглед – креација на дизајнерот со валандовско потекло Мите Занов.
Водителот на наградите Рандал Лејн ја спомнал во најавата како најдобро облечена, шегувајќи се дека треба да отвори моден бренд, наместо тренинг хаб.
