Денес Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, одржа работен состанок со Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан.
По работниот состанок, го посетија населеното место Кочули, и оттаму ја потенцираа нераскинливоста на двете култури и традиции, лојалноста на граѓаните од турската етничка припадност кон општина Валандово, нивната квалитативна посебност и неоспорливата заслуга за беспрекорно функционалната мултирелигиозност и мултинационалност во нашата заедница, јави Општина Валандово.