Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Потпишан договорот за реконструкција на булеварот со компанијата која победи на тендерот

Денес во просториите на општина Валандово, градоначалникот, Перо Костадинов, заедно со претставник на ДПГТ „ВАТО ДОО – Студеничани“, го потпишаа договорот за реконструкција на дел од булеварот „Првомајска“ Валандово.

Целта на договорот е санирање на оштетениот дел од булеварот и овозможување поголема безбедност за сообраќајните учесници на истиот.

Средствата за реконструкцијата на булеварот се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.