Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во сабота во Валандово ќе се одржи „Фестивал на дивите смокви“

Во сабота, со почеток од 12.00 часот, во паркот „Пеонија“, ќе се одржи „Фестивалот на дивите смокви“.

На отворање на фестивалот збор ќе семат Наќо Кимов, лидер на Слоу Фуд – Валандово и Градоначалникот, Перо Костадинов.

На настанот ќе се одржи и презентација, како и јавна дебата за досегашната работа и можностите за соработка на Слоу Фуд Македонија во југоисточна Македонија.

Организаторите на фестивалот на присутните ќе им демонстрираат и подготовка на слатко од диви смокви, по што ќе следи и дегустација на слаткото, размена на рецепти и искуства.

Покрај слаткото, за дегустација ќе бидат достапни и останати производи од мали производители од регионов.

Во забавниот дел на настанот ќе настапат „Детски Фолклорен Ансамбл – Валандово“,  „Распеани валандовчани“ и „Бед Опсешн“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.