Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Трибина на тема „Правата на работниците“

Во петок, во Домот на културата „25-ти Мај“, со почеток во 19.00 часот, ќе биде организирана трибина на тема „Правата на работниците“, во организација на Комисијата за еднакви можности при Општина Валандово.

На трибината, посетителите ќе бидат запознаени со правата и обврските на работникот при вработување, како и можноста за членување во синдикат.

Како предавачи ќе се појават Пеце Груевски и Живко Даневски, претседатели на синдикати и Васил Тошев и Павлина Шунтова, советници на инспектори за труд.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.