Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Поставени мерните станици за мерење на водостој и количество на врнежи

Завршена е целосната реализација на проектот “Construction of systems for prevention and early warning of flood“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија.

Во проектот како партнери се вклучени две општини во прекуграничниот регион, општина Валандово од Р. Македонија и општина Кресна од Р. Бугарија.

Целта на проектот беше поставување на мерни станици во двете општини, со кои активно ќе се следат природните прилики и навремено ќе се алармира на природните непогоди. Мерните станици ќе ги бележат промените на параметрите на водостојот и количеството врнежи.

Извор: Фан страна на општина Валандово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.