Денеска во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово беше одбележан 22-ри април – Денот на планетата Земја, како празник на единствениот дом на сите живи суштества.
Учениците одржаа кратко предавање и поделија флаери со основни информации. Целта на одбележувањето на овој ден е да предупреди на опасностите што им се закануваат на флората и фауната поради развојот на индустријата, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното загревање и климатските помени.
Овој настан е дел и од „Ерасмус +“ проектот „Сјајот на природата“.
Инаку Денот на планетата Земја за првпат е одбележан во САД во 1970-та година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Од 1992-та година се одржува и во околу 175 земји во светот.