Објавен конкурсот за упис во државните средни училишта: СОУ „Гоце Делчев“ со истите насоки како и лани

Министерството за образование го објави конкурсот за прием во ученици во државните средни училишта за учебната 2019/2020 година.

Во СОУ „Гоце Делчев“ отворени се 170 места за запишување на ученици во прва година и тоа 68 или две паралелки во гимназиското овразование и 102 во земјоделско-ветеринарната струка, поделени во 3 паралелки.

Иако беше најавена можноста за воведување на нова насока „Забен техничар“, сепак според конкурсот таа нема да се воведе годинава.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.