Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Здруженијата во Валандово до 25 ноември да достават програми за општинска поддршка

Зградата и таблата на Општина Валандово
Општина Валандово - лична архива

Здруженијата на граѓани и невладините организации од Општина Валандово треба најдоцна до 25 ноември 2026 година да ги достават годишните програми за активности за кои бараат општинска финансиска поддршка во 2027 година.

Со програмите треба да се приложат оперативни планови во кои е предвидена бараната поддршка. Повикот го упати градоначалникот Ѓоко Камчев како предлагач на буџетот, за барањата да можат да бидат разгледани и вградени во Предлог-буџетот на Општина Валандово за 2027 година.

Организациите што добиле општински средства за 2026 година треба со новата програма да достават и наративен и финансиски извештај за потрошените средства.

Документите може да се достават по пошта на адреса Општина Валандово, улица „Иво Лола Рибар“ бр. 3, во општинската архива или електронски на finansii@valandovo.gov.mk.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.