Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Јосип Броз-Тито – Валандово
Доктор Кирчо Стојчевски работеше со ученици од прво до петто одделение.
Миењето раце со сапун беше еден од примерите за лична хигиена.
Како се пренесуваат заразните болести и зошто е важна личната хигиена беа главните прашања за кои доктор Кирчо Стојчевски разговараше со учениците од прво до петто одделение во подрачното училиште „Даме Груев“ во валандовското село Брајковци.
На интерактивната работилница Стојчевски им зборуваше на децата за вирусите и бактериите, како и за епидемиите и пандемиите. Секојдневната грижа за здравјето беше илустрирана со цртежи за миење раце со сапун и за покривање на устата при кашлање и кивање. Меѓу примерите за заштита беа и носењето маска, одржувањето растојание и вакцинацијата.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.