Утрово валандовските дечиња имаа можност да се запознаат и да уживаат во Друштвени игри – најновата услуга на библиотеката „Гоце Делчев“ – Валандово, која од денес почна да функционира.
За новата услуга опремено е и ново катче во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ каде посетителите можат да играат, другаруваат, да се забавуваат и натпреваруваат.
Целта на воведувањето на новата услуга е да им се доближи библиотеката на граѓаните од поинаков аспект. Голем број на различни друштвени игри се на располагање за изнајмување секој работен ден, во текот на целото работно време на библиотеката.


