Во пресрет на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, кој трагично загина во авионска несреќа, околу 160 планинари од Валандово, Струмица, Гевгелија, Русија и Бугарија, во сабота и недела ќе се искачат на врвот Борис Трајковски – Ботра, на планината Беласица.
Планинарскиот марш е организиран од Планинарското друштво „Ентузијаст” од Струмица.
– 24.02.2018 (Сабота): Тргнување во 11 часот од село Смоларе до планинарски дом Шарена Чешма пристигнување 14 часот, спиење во планинарскиот дом.
– 25.02.2018 (Недела): Тргнување во 6 часот, пристигнување 10 часот на врвот “Борис Трајковски-Ботра”1880 м.н.в., сеќавање и одавање почит на Претседателот Борис Трајковски, враќање на домот, ручек и враќање во Смоларе.
Дел од нивните членови, традиционално, маршираат цели двесте километри за пет дена, од Струмица до вечното почивалиште на претседателот Трајковски во Скопје.